Дрвовидна чуваркуќа () ― сукулентна, суптропска полугрмушка од семејството на цветни растенија Crassulaceae.
Тоа е инвазивено плевелно растение на места надвор од неговата природна распорастранесот, на пример како раширување надвор од градината во умерената зона на јужна Австралија.
Опис лево|мини|190x190пкс|Дрвовидна чуваркуќа како грмушка. Дрвовидната чуваркуќа расте како малку разгранета мала грмушка и достигнува висина до 2 метри. Повеќе или помалку исправена со нагорен раст, мазни стебла кои имаат пречник од 1 до 3 центиметри.
Нивните листови се собрани во розети прилегнати за подлогата со пречник од 10 до 25 см. Младите листови се цврсто притиснати заедно. Формата на листот е од јајцевидна до копјеста, а во основата е во облик на клин. Тие се од 130-380 мм долги, 25-115мм широки и дебел од 1,5 до 3мм. Површината на листовите е зелена, обично виолетова, сјајна и е речиси гола. На рабовите на листот се наоѓаат заоблени трепки.
Конусното до овално соцветие има должина од 10 до 25см и пречник од 10 до 15 см. Дршката на соцветието е 130 до 510 мм долга. Цветовите се приседнати на 2 до 12мм долго, малку меко цветно стебло. Чашкините ливчина се исто така малку влакнести со зашилен врв и основа во облик на клин, мазни, сјајни, зелени, црвени или виолетови. Жолтите, тесни, долгнавести до копјести, зашилени венечни ливчиња се долги 5 до 7мм и широки 1,5 до 2мм. Прашниците се голи. Напролет се развиваат розети од листови и големи пирамидални соцветија со светло жолти цветови.Reto Nyffeler: Aeonium .
Распространетост Растението е ендемско на западните Канарски острови, Тенерифе, Ла Палма, Ел Јеро, Гомера и Гран Канарија. Популациите пронајдени на Пиринејскиот Полуостров, Мароканскиот брег и Средоземјето веројатно ќе се сметаат за алохтони. Во умерените региони треба да се одгледува заштитено под стакло или во домашни услови.
Одгледување Дрвовидната чуваркуќа расте на сончеви или малку засенчени места на вулканска почва. Виолетовата сорта 'Zwartkop' ('Schwartzkopf') ја добила Наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво. Шарениот облик се одгледува како сорта 'variegatum'.
Сорти Следниве имиња на сорти се прифатени.
Aeonium arboreum var. arboreum Aeonium arboreum var. holochrysum HYLiu Aeonium arboreum var. rubrolineatum (Sevnt.) HYLiu
Галерија
Наводи
Надворешни врски
House tree-leek. Посетено на 13 мај 2022.
Категорија:Флора на Канарските Острови Категорија:Растенија опишани во 1840 година Категорија:Aeonium Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година