Света Кирана () — црква во селото Висока, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.

Храмот се наоѓа на местото на родната куќа на новомаченичката Кирана Солунска која настрадала за верата во 1751 г. Црквата е изградена во 1868 г. Иконата на маченичката е изработена во 1870 г. од Христодулос Јоану од Сачишта.

Поврзано Лагадинско-ајватовско-рендинска епархија

Наводи

Кирана, Висока Кирана, Висока Категорија:Појавено во 1868 година