Свети Ѓорѓи () — црква во селото Берово, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.

Ова е гробишен храм во североисточниот крај на селото, изграден околу 1830 г. Има дури 188 вредни икони, изработени од почетокот на XVII до почетокот на XX век.

Црквата е трикорабна базилика. Можеби имала портик на јужниот ѕид, каде има затворена врата. Големиот резбан иконостас речиси целосно го двои жртвеникот од наосот. Храмот е живописан во 1843 г. од Маргарит Ламбу од погрченото солунско село Кулакија. Најстарите икони се од 1774 г.

Поврзано Лагадинско-ајватовско-рендинска епархија

Наводи

Ѓорѓи, Берово Ѓорѓи, Берово Ѓорѓи, Берово Категорија:Појавено во 1830 година