Успение на Пресвета Богородица () — црква во селото Свети Васил, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е сместена во источниот дел на селото. Изградена е во XX век и ја заменува старата гробишна црква „Св. Ѓорѓи“ како парохиски храм на селото. Претставува трикорабна базилика со отворен трем на запад и куловидна камбанарија на југозападниот агол. Влезовите се од запад и југ. По изградбата на храмот, во него се префрлени повеќето преносливи икони и вредни предмети од црквата „Св. Ѓорѓи“. Во „Успение на пресв. Богородица“ има 21 пренослива икона и 19 стари книги.

Поврзано Лагадинско-ајватовско-рендинска епархија

Наводи

Надворешни врски

Богородица, Свети Васил Богородица, Свети Васил