Вакцина против тетанус, исто така позната како тетанус токсоид (TT), е токсоид вакцина која се користи во превенција на тетанус. За време на детството, се препорачуваат пет дози, а шестата се дава во адолесценцијата.
По три дози, скоро сите првично се имуни, но се препорачуваат дополнителни дози на секои десет години за одржување на имунитетот. Дополнителна доза треба да се даде во рок од 48 часа од повредата кај луѓе имунизирани пред повеќе од 5 години. Кај луѓе со високоризични повреди и кои не се целосно имунизирани, може да биде препорачан и тетанус антитоксин.
Потврда дека бремените жени се целосно имунизирани за време на секоја бременост може да превенира тетанус кај мајката и неонатален тетанус.
Наводи
Категорија:Вакцини