Кралица Гиневра (, ) — легендарна кралица на Камелот и сопруга на кралот Артур, која се споменува во средновековните велшки хроники, како и во англиските и француските епски песни за кралот Артур и витезите на тркалезната маса, кои го сочинуваат британскиот циклус () во англиската и француската средновековна литература.

Легенда Легендата за Артур и Гиневра првпат се споменува во Историја на британските кралеви () на велшкиот монах Џефри од Монмут (1095-1155), а се разликува во детали во зависност од изворот. Во основа, Гиневра се мажи за кралот Артур од должност, кого го почитува како херој и господар, но бракот останува без деца. Гиневра ја грабнуваат непријателите на кралот и ја спасува најдобриот витез и пријател на Артур, Ланселот. Ослободената кралица се вљубува во Ланселот, кој по долго двоумење помеѓу должноста кон кралот, витешкиот дел и неговите чувства, станува нејзин таен љубовник. Поткажани од непријателите на кралот, љубовниците биле фатени на дело и осудени на смрт, но Артур ги помилувал и двајцата: Ланселот бил протеран, а Гиневра затворена во манастир. Загубата на неговата сопруга и најдобар пријател тешко го погодува Артур, што неговите непријатели го користат за да започнат војна, која завршува со смртта на Артур и падот на Британија.

Популарност Легендата за кралот Артур и Гиневра бил многу популарен мотив во поезијата и литературата, од француските витешки романси од 12 и 13 век, преку Томас Малори и неговиот роман Смртта на Артур (), до современите историски романи на Бернард Корнвел (, 1995-1997). Оваа тема е екранизирана многу пати, а кралицата Гиневра ја играле:

Чери Лунги во филмот Ексакалибур (1981) , Џулија Ормонд во Првиот витез (1995) , Кира Најтли во Кралот Артур (2004) .

Наводи

Надворешни врски

Guinevere at The Camelot Project

Категорија:Келтска митологија Категорија:Митски ликови