Патријарх Порфириј, роден како Првослав Периќ — патријарх на Српската православна црква, ракоположен на 18 февруари 2021 година.
Роден е на година во Бечеј, Србија. Пораснал во селото Чуруг, општина Жабаљ, каде што завршил основно училиште, а гимназија во Нови Сад. Во 1986 година завршил Православен богословски факултет во Белград, а една година претходно, во 1985, бил замонашен во манастирот во Дечани на Косово. По завршувањето на факултетот заминал на постдипломски студии во Атина каде што останал до 1990 година. На 14 мај 1999 бил избран за викарен епископ егерски. Во 2004 година на Богословскиот факултет при Националниот и Каподистриски универзитет во Атина одбранил докторска дисертација. На 24 мај 2014 бил избран за митрополит загрепско-љубљански.Животопис на Архиепископот пеќски, Митрополит белградско-карловачки и Патријарх српски г.г. Порфириј (Периќ)
Библиографија
Лице в Лице — Библиско-пастирски размисли за Бог, човекот и светот (Лицем к Лицу — Библијско-пастирска промишљања о Богу, човеку и свету), Белград—Загреб, 2015. Премудрост во Тајната скриена — Ставови од Теологијата на апостол Павле (Премудрост у Тајни сакривена — Огледи из Теологије апостола Павла), Белград, 2020.
Награди и признанија : Орден на Свети Игнатиј, доделен од Фондацијата на Свети Игнатиј, 2016 година : Признание за унапредување на дијалогот меѓу религиите и општествата, доделено од Здружението за верски слободи во Република Хрватска, 2019 година : Орден „Свети Климент Охридски“ од прв ред, доделен од Македонската Православна Црква — Охридска Архиепископија, врачен од г.г. Стефан, Охрид, 5 јуни 2023 година
Галерија
Наводи
Категорија:Христијански верски водачи Категорија:Православни епископи од 21 век Категорија:Српска православна црква Категорија:Српски патријарси