Свето Преображение Надворешно () — црква кај градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа на неколку километри југозападно оД градаот, по патот за Долно Шел. Сместена е на надморска височина од 600 м во пазувите на Каракамен. Во минатото била црква на манастир кој повеќепати бил рушен од Турците. Обновена е во 1906 г.

Градбата претставува камена трикорабна базилика без купола.

Во храмот има две фрески на негушкиот зограф Димитрис (Такис) Скупер (1990), сместени крај влезот. Иконите на иконостасот и Христос Седржител се дело на негушкиот зограф Христодулос Матеу. Има и дела на зографот Такис Хасјурас, како и на непознати постари зографи.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Преображение Надворешно Преображение Надворешно, Негуш Категорија:Појавено во 1906 година