Естервеген () — општина во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Општината претставува административно седиште на општинската заедница Нордхимлинг.

Географија Местоположба

Естервеген се наоѓа помеѓу градовите Папенбург и Ленинген во пошумена област наречена Естервегер Буш. Местото се наоѓа во северниот дел на Химлинг.

Соседни општини

Естервеген се граничи на североисток со општината Затерланд, на исток со градот Фризојте, обете во округот Клопенбург, понатаму на исток се граничи со општината Хилкенброк, на југоисток со општината Лоруп во општинската заедница Верлте, на југ со општината Бреденберг, на запад со општината Зурволд и на северозапад со општината Бокхорст.

Историја

Во 1933 година бил основан истоимен концентрациски камп во Естервеген.Official german list Во 1936 година, кампот бил распуштен и до 1945 година бил користен како затворенички камп, наменет за политички затвореници и за затвореници од декретот „Ноќ и магла“.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Емсланд Категорија:Општини во Долна Саксонија