Свети Ѓорѓи () — црква во селото Елшан, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е парохиски храм.
Историја Камен-темелникот на црквата е поставен на 31 мај 1967 г., а храмот е завршен во 1984 г. Изградена е на местото на постара урната црква со средства на верниците. Осветена е на 21 септември 1984 г. од митрополитот Максим Серско-нигритски. Градбата претставува крстокуполен храм.
Во парохијата припаѓаат и црквите „Св. Петка“ и „Св. Преображение“.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Ѓорѓи, Елшан Ѓорѓи, Елшан Категорија:Појавено во 1984 година