Свети Димитриј () — црква во гратчето Зрново, Драмско, Егејска Македонија. Претставува митрополски храм на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена во 1866 г. според натписот на јужниот ѕид. За годината сведочи соопштение од митрополитот Никодим Неврокопски од 1902 г. Не се споменува кога храмот е живописан. Градбата претставува трикорабна базилика со трансепт и купола, оградена од југ, запад и север со затворен трем и тројна апсида на исток. Црквата има големина од 30 × 21 м. Има монументална камбанарија на три ката, изградена во средиштето на западната страна. Горниот кат е женска црква, со пристап од внатре. Женската црква на југ и на север завршува со параклиси посветени на Св. Константин и Елена и Успението Богородично. Голем дел од фреските во црквата се уништени и премачкани. Резбаниот иконостас, иконите, владичкиот прстол и два резбани проскинитара се од XIX век. Иконите се од 1874 г.; некои од нив се од мајсторот Ѓорѓи од Неврокоп. Во северниот дел на комплексот е зачувано старото училиште кое, според натписот е изградено во 1863 г. Во припратата стои живописната сцена „Страшниот суд“, насликана во 1871 г. од галичкиот мајстор Јаков Мауровски.

Поврзано Зихненско-неврокопска епархија

Наводи

Надворешни врски

Димитриј, Зрново Димитриј, Зрново Димитриј, Зрново Категорија:Појавено во 1866 година Димитриј, Зрново