Света Петка () — црква во селото Криводол, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во 1890 г. според плочата вградена однадвор на шестстарната апсида. Некои од иконостасните и другите икони ја носат годината 1891. Храмот има женска црква со свој влез од јужната страна и трем на западната, лесно навален на север. Внатре се чува вреден амвон на кој се насликани четворицата евангелисти и владички престол со резбан балдахин.
Според Георги Стрезов во 1891 г. црквата била потчинета на Патријаршијата. Обновена е во 1924 – 1926 г. што се гледа од некои икони и резбаните врати.
Поврзано Зихненско-неврокопска епархија
Наводи
Атанасиј, Криводол Атанасиј, Криводол Категорија:Појавено во 1890 година