Нова Градишка () — живописен град во Бродско-посавската жупанија во Хрватска, со население од 14.229 (2011). Се наоѓа во историскиот регион Славонија, близу границата со БиХ. мини|Нова Градишка, центарот на градот Сообраќај Градот лежи крај најважната хрватска железница, често опслужувана од патнички возови. Близу минува и магистрала. Градскиот и приградски автобуски превоз е доста развиен.
Туризам Тука има неколку хотели и други одморалишта. Туризмот е добро развиен.
Локални електронски медиуми Локалната радиостаница е Радио Нова Градишка (RNG).
Стопанство Некогаш овој регион бил доста развиен инсутриски регион, главно во металургијата. Заради граѓанската војна индустријата пропаднала. Денес во мали делови работат фабрики за мебел и пиво. Големата иницијатива за создавање на индустриски парк е веќе успешно започната.
Личности Близу местото, рано изутрината на 16 октомври 2007 г. во сообраќајна несреќа загинал Тоше Проески, македонска и балканска мегаѕвезда на популарната музика.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место Карта на градот Неоифицијално мрежно место Мрежно место на индустрискиот парк Нова Градишка
Категорија:Градови во Хрватска
Категорија:Населени места во Бродско-посавската жупанија Категорија:Славонија