Свети Павле () — црква во селото Егри Буџак, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Ерисовско-светогорско-ардамерската епархија на Цариградската патријаршија.

Храмот е сместен во центарот на селото. Изграден е во XX век од Грците дојдени од Турција 1920-тите. Внатре се чуваат 16 вредни преносливи икони, два сребрени путира, сербрена дарохранителница и 42 старопечатени книги. Иконите датираат од 1819, 1869, 1907 г., а некои од недатираните се од XVII и XVIII век.

Поврзано Ерисовско-светогорско-ардамерска епархија

Наводи

Павле, Егри Буџак Павле, Егри Буџак