Кулски манастир „Воздвижение на Чесниот Крст“ или „Св. Јован Претеча“ (, Μονή της Κούλας) — црква и поранешен манастир кај селото Кула, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.
Местоположба Манастирот се наоѓа на 3 км северно од Кула, на падините на планината Шарлија. На 200 м над манастира има свет извор.
Историја Според камениот ктиторски натпис манастирот е изграден во 1879 - 1880 г. и почнал да работи на 10 февруари 1880 г. Ктитори се Константинос Дакос и сопругата Дафни Кулели, жители на серското маало Каменица по потекло од Кула.
За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија (1904 - 1908) манастирот станал упориште на андартите кои војувале со четите на МРО. На 6 јуни 1906 г. македонска чета го убила чуварот на манастирот Мита Кепа од Савек.
На 6 јули 1907 македонска чета и егзархисти од околните села наполно го изгореле манастирот, при што останала само црквата, која до денес е единствената градба.Ιερά Μονή Τιμίου Σταυρού (ή Κούλας) στο Παλαιόκαστρο Σερρών
Храмот е обновен во 1935-1937 г. од ќерката на Константинос Дакос, Анастасија и жени од Каменица.
Архитектура Манастирот бил мал. Црквата има димензии од 14,25 × 6,75 м. Покривот е двоводем со засеци на исток и запад, покриен со ќерамиди. На краевите има железни крстови. Ѕидаријата е од камен, со дебелина од 0,74 м. Северниот дел на храмот е вкопан. Апсидата на исток е полукружна. Има само един влез од запад, четири прозорци на јужниот ѕид и едно округло окно над апсидата. Подот е нов. Иконостасот е изработен во 1935-1937 г. Најастарата икона е онаа на Свети Илија со натпис „1883“. Останатите икони заедно со царските двери се од времето на обновата на манастирот во 1930-тите.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Категорија:Манастири во Долна Џумаја (општина) Категорија:Цркви во Долна Џумаја (општина) Категорија:Манастири во Серско-нигритската епархија Категорија:Цркви во Серско-нигритската епархија Категорија:Појавено во 1880 година Категорија:Грчка вооружена пропаганда во Македонија