мини|десно|Петар Скок Петар Скок (Јурково Село кај Жумберк, Хрватска, 1 март 1881 – Загреб, 3 април 1956) – хрватски лингвист, ономастичар со светски глас.

Биографија Од 1892 г. до 1900 г. учел гимназија во Карловац. На Универзитетот во Виена (1900–1904) студирал романска и германска филологија. Бил средношколски професор во Бања Лука и библиотекар во Покраинскиот кралски музеј во Босна и Херцеговина. Од 1919 г. до пензионирањето (1952) работел како универзитетски професор на Филозофскиот факултет во Загреб. Во младоста се занимавал со литература, а подоцна најмногу со лингвистика. Дал исклучителен придонес во повеќе области: романистиката, јужната славистика, кроатистиката, балканистиката, народниот латинитет, етноисторијата, контрастивната лингвистика.

Во 1929 година во Гласникот на Скопското научно друштво објавува одговор до бугарскиот лингвист Стефан Младенов, кој претходно го прозвал заради тоа што во извештај за карактерот на словенскиoт јазик во Македонија, Скок не ја употребувал бугарската терминологија.

Во обемната статија O bugarskom jeziku u svjetlosti balkanistike од 1932, повторно спори со Младенов за неговото дело Историја на бугарскиот јазик (Geschichte der bulgarischen Sprache) објавено 1929 во Берлин.

Наводи

Надворешни врски Skok, P., 1933, „O bugarskom jeziku u svjetlosti balkanistike“, Južnoslovenski filolog, Knjiga XII, str. 73‒146. Beograd.

Категорија:Хрватски јазичари Категорија:Погребани на гробиштата „Мирогој“ Категорија:Родени во 1881 година Категорија:Починати во 1956 година