Дарко Јефремов (познат како Дарко Влогс; р. во ) — македонски влијател, познат како најпопуларниот балкански камионџија во САД и еден од најследените и најкоментирани македонски блогери на Инстаграм.

Биографија Дарко Јефремов е роден на 26 декември 1988 година во Ниш. Во Скопје, тој почнал да живее од 1992 година, каде завршил во ОУ „Блаже Конески“, населба Мичурин. Средно образованиет завршил во СУ „Михајло Пупин“, насока Информатика. Во 2009 година, Дарко запишал студии при Технички факултет во Битола, каде дипломирал по 3 години во 2012 година.

Во март 2013 година, тој почнал да работи на бродот Carnival Sensation. После два договори, Дарко се преселил во Канзас Сити, Мисури, каде работи како помошник администратор на канцеларија во True Value, а втората работа како келнер во Golden Corral.

Во 2017 година, тој се преселил во Чикаго, каде почнал да работи како камионџија, професијата која до ден денес ја работи.

Кариера Во 2018 година, Дарко почнал со неговиот профил на Instagram, Дарко Влогс,Darko Vlogs on Instagram каде објавувал видеа и слики од живот на еден камионџија во Соединетите Држави. За многу краток период, Дарко станал вистинска сензација на македонските портали и социјални мрежи, што неговиот профил за 3 години го заследиле преку 100,000 следбеници. Во 2022 година, неговиот профил имал над 130,000 следбеници.

Хуманитарна работа Покрај социјалните мрежи, Дарко активно бил вклучен и во хуманитарни акции. Во 2019 година, со помош на инстаграм го започнува својот прв малопродажна стока, а тоа се маици и дуксери со неговото лого. Собраните парични средства биле дарувани кај лица што им била потребна финансиска помош.

Пред новата 2020 година, Дарко облечен како Дедо Мраз, делел пакетчиња на деца на улица и бездомници во Скопје. Исто така, следната година, заедно со јутјуберот Вик, започнал акција „Пакетчиња за сите дечиња“ и собрале над 6.000 долари.

Наводи

Надворешни врски

Darko Vlogs на Instagram Даниела патува со камион со сопругот Дарко Влогс Дарко Влогс се врати дома: Штом стапна на македонска почва, кај „чикашкиот камионџија“ веднаш се разбуди Македончето во него! Најпопуларниот македонски камионџија со хит танцувачко видео со девојката во Истанбул Дарко во спотот за песната Але але Македонија

Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонци во Србија Категорија:Југословенски Македонци Категорија:Јутјубери