Свети Антониј () — црква во селото Жервохор, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.
Историја Црквата се наоѓа на јужниот крај на селото. Изградена е во 1983 г. Претставува трикорабна куполна базилика, која на исток завршува со три конхи. Во 1986 г. започнало нејзиното живописување.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Антониј, Жервохор Антониј, Жервохор Категорија:Појавено во 1983 година