мини|десно|Типичен кафтан Кафтан (од персиски : خفتان, ġaftān = почесна облека ) — долга машка наметка без постава од месопотамиско потекло, која ја носат бројни народи низ Блискиот Исток. Обично се кроел од памук или свила или комбинација од двете.

Вид на облека на централноазиските народи што се носел во минатото во Мала Азија, Полска, Русија и Унгарија.

Кафтан е долг капут или наметка од груба ткаенина, волна или свила, со широки ракави, без постава и долга сè до глуждовите. Постојат неколку видови. Најпознат е оној што го носеле османлиските султани, а во однос на строгата хиерархија (индивидуален ранг) се разликувале по бојата, дезените и копчињата.

На подрачјето на Западна Африка, меѓу народот Волоф се јавува сенегалски кафтан-сабадор и нешто поелегантниот мбуб или големо бубу.

Мароканскиот кафтан е женска носија, вообичаена меѓу Мароканките. Во Југоисточна Азија среќаваме батик кафтани за чие производство се претпочита свила и цветни и апстрактни дизајни, а денес се модел за производство на модерни женски кафтани.

Најпознати кафтани биле оние што ги носеле османлиските султани и другите високи достоинственици на Отоманското Царство кои се разликувале по боја, декорација и копчиња. Бидејќи морала да се почитува строгата хиерархија во облекувањето, така што социјалниот статус веднаш бил видлив од кафтанот.

Опис лево|мини|328x328пкс| Курдски ефендија во кафтан Типичниот кафтан имал долги широки ракави и бил отворен напред, но најчесто можел да се закопча со ремени (или врвки).

Кафтани биле наречени и црните мантили што ги носеле Хасидските Евреи од европскиот среден век. Како што се ширело Отоманското Царство, така се зголемувало и носењето кафтани и се носеле низ Полска, Унгарија, Русија и низ целиот Балкан.

Кафтаните се рашириле и низ Западна Африка, па станале типичен костим на Мароканките и достоинственици на народот Волоф во Сенегал (кафтан сабадор). Кафтани се шират сè до Југоисточна Азија каде се изработувал батик кафтан од свила, со цветна или апстрактна декорација.

Кафтан се викало и долго женско палто до глуждовите, со широки ракави кој станал модерен во средината на 20 век.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Облека Категорија:Турцизми