Свети Јован Претеча () — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква, типична за своето време.

Во 1990 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата заради оригиналниот архитектонски стил и украсеност.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Надворешни врски

Јован Претеча Јован Претеча, Сер Категорија:Споменици на културата во Сер (општина) Категорија:Појавено во 1819 година