thumb|Портрет на Рахел Раус од Годфрид Шлакен (1706)
Рахел Раус (; — ) — холандска сликарка, мајстор за мртва природа со цвеќе.
Родена е во Хаг, но на 3 годишна возраст се сели во Амстердам. Таму татко ѝ Фредерик Раус, славен анатом и ботаничар, бил назначен за професор. Во куќата направил огромна збирка на раритети. Му помагала на татко ѝ во украсувањето и приготвила примерок liquor balsamicum со цвеќиња и тантела. На 15 години Раус станала чирак на Вилем ван Алст, истакнат сликар од Делфт, познат за неговите слики на цвеќе.
Во 1693 се омажила за портретистот Јуријан Пол (1666-1745) и имале 10 деца.
Во 1701 г. Раус била примена во сликарскиот еснаф во Хаг. Неколку години подоцна била поканета во Диселдорф да биде дворски сликар на изборниот кнез Пфалц, Јохан Вилхелм. Таму останала од 1708 г, па сѐ до смртта на кнезот во 1716 г. Тука биле поканети и Јан Веникс и Адријан ван дер Верф. Откако се вратила во Холандија, Раус продолжила да слика за важни клиенти.
Раус била и позната по деталните и реалистични отсликувања на кристални вазни. Живеела 85 години и според датираните дела може да се заклучи дека сликала од времето кга била млада девојка, па скоро до смртта. Денес познати се некаде околу стотина нејзини слики. Позадината на сликите e обично темна. Раус починала во Амстердам.
Галерија
Надворешни врски
Стари мајстори: Занемарени жени-уметници Дела на и литература за Рахел Раус — PubHist
Категорија:Холандски сликари Категорија:Цветни уметници Категорија:Жени-уметници Категорија:Дворски сликари Категорија:Луѓе од Хаг