Свети Ѓорѓи () — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.

Црквата е подигната во средината на XIV век, а во XVI век е наполно преизградена како трикорабна базилика. Веројатно е обновена и во XVIII век, пти што црквата е повторно проширена. Внатре има вреден живопис од XIV век (Благовештение, Убрус на источниот ѕид), како и од XVI век (Богородица на престол со архангелите Михаил и Гаврил) на северниот ѕид на наосот.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Ѓорѓи Ѓорѓи, Бер