мини|Студенички типик Типик () — збир на пропишани правила (зборник), кој го содржи начинот и редоследот на вршење на црковните богослужби.

„Типик е целосен црковен устав според кој се раководи свештенството во конкретни богослужбени ситуации.ОСНОВЕ ПРАВОСЛАВНОГ БОГОСЛУЖЕЊА, ИМС, Београд (Москва)

Поделба Типикот е поделен на три дела:

Општ дел - го одредува редоследот на богослужбите и светите дејствија на Велигден и обичните денови, на празници, работните и саботните денови. Општиот дел продолжува со упатства за молитвите и читањата, песните и свештеничките активности во текот на годината, а на крајот се изнесени правилата за животот и владеењето на монасите. Вториот дел - ги наведува упатствата за менување на песните и свештенодејствијата во сите денови по месец - месечно, потоа во Посниот и Цветниот триод. Третиот дел - ги наведува упатствата за променливите песни на неделниот и годишниот циклус, а тоа се тропари, кондаци, ипакои, ексапостилари, светилни, троични, прокимени и причесни. Типикот завршува со излагање на Пасхалија.

Првиот типик е од Св. Сава Осветениот од шестиот век, наречен Ерусалимски типик. Тој бил дополнет од Св. Јован Дамаскин во осмиот век, потоа е пренесен и дополнет во Цариград под името Цариградски типик.

Наводи

Литература

Надворешни врски ГОЛЕМ ТИП - протојереј ВАСИЛИЈЕ Николајевиќ Типик за 2022 година достапен во pdf формат (SPC, 17 март 2022 година)

Категорија:Богослужба Категорија:Православие Категорија:Богослужбени книги Категорија:Грцизми