мини|десно|Фреска „Исцелувањето на слепите“ од 1360 – 1380 г. Свети Илија () — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.

Историја Црквата е сместена на рид во Горниот Град, на раскрсницата на улиците „Олимпија“, „Јоанис Варвакис“ и „Профитис Илијас“. Изградена е во втората половина на XIV век. Веројатно првобитно била посветена на Христос и била манастирска, можеби на Акапинскиот манастир поврзан со династијата Палеолози. По османлиското освојување на Солун во 1430 г. храмот веднаш е претворен во џамија од Бадра Мустафа-паша и го добила името Ески сарајPapagiannopoulos, Apostolos. Monuments of Thessaloniki, Rekos ltd., 2015, p.88 или Сарајли-џамија. Откако градот потпаднал под Грција во 1912 г. храмот е вратен како црква и го добил денешното име, можеби поради погрешното толкување на турското име.

Архитектура Храмот е импресивна градба во типичнииот солунски светогорски стил застапен кај манастирските цркви. Има корсовиден облик со голема главна купола со пречник од 5,5 м, а на север и на југ се оформени широки и високи полукружни конхи. Има уште четири мали простории со куполи, а на запад има простран правоаголен нартекс со четири столбови, на чиј покрив има две нови куполи. На западната и делумно на северната и јужната страна има отворен трем. Отмената ѕидарија е нетипична за Солун и е преземена од цариградската архитектура.

Живопис Внатре има зачувано неколку изворни фрески кои датираат меѓу 1360 и 1380 г. Тие се истакнуваат со високиот квалитет на изведба — невообичаено чувство за реализам и длабочина на сцените, интензивно движење и видливи емоции на фигурите. Овој доцнопалеолошки стил извршил силно влијание врз српскиот средновековен живопис.

Поврзано Солунска епархија

Наводи

Надворешни врски

Илија Илија, Солун Категорија:Светско наследство во Грција Илија, Солун Илија, Солун