Свети Павле () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.

Историја Храмот се наоѓа во населбата Кастра, близу Солунското добротворно друштво. Сместен е на рид јужно над истоименото маало Свети Павле со поглед на градот и Солунскиот Залив. Камен-темелникот е поставен на 8 јуни 1981 г. од митрополитот Пантелејмон II Солунски и отворена од истиот епископ на 2 ноември 1997 г. Изградена е на парцела со површина од 4.400 м2, пдоарена од Солунското добротворно друштво во 1980 г. До 1992 г. парохијата била со центар во друг храм, на околу 100 м северно од овој. Во 1988 г. општината сакала да го сруши, но тука се вмешал министерот за Македонија и Тракија Стељос, Папатемелис и со тоа е зачуван.

Архитектура Градбата претставува крстокуполен храм кој преминува во ротонда, дело на архитектот Димитриос Христидис. Има трика ката поради наклонот на теренот, со вкупна висина од 38 м. Подрумот зафаќа 600 м2, а катовите зафаќат 1.200 м2. Идејата за трите ката е дело на инженерот Сотирис Кувелас. Во зградата има 6 училишни простории, 2 свечени сали и сала за неделно училиште.

Во црквата се чуваат мошти од Апостол Павле, како и вредна икона на Богородица од непознат автор, датирана на 14 февруари 1881 г.

Поврзано Солунска епархија

Наводи

Надворешни врски

Павле, Свети Павле 2013 Павле, Свети Павле 2013 Категорија:Појавено во 1997 година