Свети Три Јерарси () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.
Храмот се наоѓа на улица „Стромница“ бр. 59. Камен-темелникот е поставен во мај 1973 г. од митрополит Леонид Солунски, а изградбата траела 20 години. Во 1990 г. работите конечно завршиле, и на 17 октомври 1993 г. храмот е отворен од митрополитот Пантелејмон II Солунски.
Градбата претставува крстокуполен храм во византиски стил, дело на архитектот Димитриос Христидис. Храмот наликува на катедралата „Св. Софија“ во Цариград, која има бројни куполи на покривот. Црквата е една од најголемите во Грција со површина од 1.200 м2 и висина од 29 м. Камбанаријата е висока 34 м. Женската црква зафаќа 450 м2, а само олтарот се протега на 113 м2. Црквата има подно греење и климатизација. Во неа се чува иконата на Трите Јарарси донесена од грчките доселеници од Понт, како и мошти на истите светители — Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Залепен за храма од север е параклисот на мајките на тројцата светци — Емилија, Нона и Антуса. Во внатрешноста се параклисите „Св. Артемиј“ и „Св. Атанасиј Метеорски“, а во подрумот има духовен центар.
Поврзано Солунска епархија
Наводи
Три Јерарси Три Јерарси, Солун Категорија:Појавено во 1993 година