Георги Георгиев Димитров бил бугарски учител, книжевник, општественик.

Биографија Роден е во Ќустендил. Во 1851-58 г. учи во Ќустендил кај Аверкиј Попстојанов, а во 1858-59 г. станал учител во Свиленград. Го придружувал митрополитот Авксентиј Велешки при неговите патувања во Македонија - Штип, Кратово, Кочани. Бил деец за црковна независност. Поради нападот во Хасково во 1873 г. бил уапсен, а потоа бил ослободен со собрани 100 лири од неговите домашни. Бил учесник во Старозагорското востание во 1875. Бил продавач на книги (1860) и книжар (1867-75) во Одрин. Во 1878 г. се населил во Пловдив. Автор е на три книги за историјата на Бугарија.

Историскиот труд „Кнежевство Бугарија“ Георги Димитров планирал да напише историја во три дела, со наслов „Кнежевство Бугарија“, во која ќе го проследи развојот на бугарскиот народ и држава од Средновековието до негово време. Авторот решил со свои средства без туѓа помош, да отпечати историјата. Наместо да му се помогне, му биле правени пречки. Само кнезот Фердинанд I го помогнал со 5 наполеони.

Во првиот дел од своето дело од 1894 год., за Македонците запишал:

Надворешни врски Димитров, Георги. Княжество България в историческо, географическо и етнографическо отношение. Част 1. Пловдив, 1894. Димитров, Георги. Княжество България в историческо, географическо и етнографическо отношение. Част 2. Пловдив, 1896. Димитров, Георги. Страданията на българите и Освобождението на България през 1877–78 г.. София, 1899. 320 с. 2. издание. Стара Загора, 2007, 367 с.

Категорија:Бугарски историчари