врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/3/3b/AuerspergovaPalaca-Ljubljana.JPG/220px-AuerspergovaPalaca-Ljubljana.JPG|мини|Палатата Турјак, седиште на музејот. Градски музеј Љубљана () ― музеј основан во 1935 година во Љубљана. Сместен е во палатата Турјак на ул. „Госпоска“, бр.15 () во средиштето на Љубљана.

Музејот нуди различни педагошки активности за деца и ученици на возраст од 5 до 18 години, а исто така располага и со посебни патувачки музејски групи за болнички училишта, училишта за ученици со посебни потреби и за пониски одделенија од оддалечените училишта околу Љубљана.

Археолошки ископувања врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/e/ed/City_Museum_of_Ljubljana_%289525174442%29.jpg/220px-City_Museum_of_Ljubljana_%289525174442%29.jpg|десно|мини|На самото место сочуван староримски бунар во музејот. На местото на самиот музеј се извршени неколку археолошки истражувања. Ископувањата биле спроведени помеѓу 2000 и 2003 година за време на реновирањето на палатата (во подрумот и во внатрешниот двор) под раководство на кустосот на Градскиот музеј. Тие откриле многу историски артефакти и остатоци од урнфилската култура, периодот на доцната халштатска култура, средниот и доцниот период на латенската култура, римскиот императорски период, доцниот средновековен период и раниот нов век. Забележливи биле двата гроба на воините од латенскиот период кои биле откриени во раноримското складиште за време на истрагата во 2002 година.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Градски музеи Категорија:Музеи во Љубљана Категорија:Појавено во 1935 година во Словенија Категорија:Централен Округ (Љубљана)