Лимфокини ― подгрупа на цитокини кои се произведуваат од вид на имунолошки клетки познати како лимфоцити. Тие се белковински посредници обично произведени од Т-клетките што го насочуваат одговорот на имунолошкиот систем преку сигнализирање помеѓу неговите клетки. Лимфокините имаат многу улоги, вклучувајќи и привлекување на други имунолошки клетки (како што се макрофаги и други лимфоцити) на заразено место и нивно последователно активирање за да ги подготват на поттикнување имунолошки одговор. Лимфоцитите кои кружат можат да откријат многу мала концентрација на лимфокини и потоа да се движат нагоре по концентрацискиот градиент кон местото каде што е потребен имунолошки одговор. Лимфокините им помагаат на Б-клетките при произведување антитела.
Лимфокини кои се лачат од помошните Т-клетки се:Guyton, AC; Hall, JE. (2006) Medical Physiology, Elsevier Saunders. 11th edition, pp.447.
Интерлеукин 2 Интерлеукин 3 Интерлеукин 4 Интерлеукин 5 Интерлеукин 6 Стимулирачки фактор на колонии од гранулоцити и макрофаги Интерферон-гама
Наводи
Надворешни врски
Лимфокини од Националната медицинска библиотека на САД, Medical Subject Headings
Категорија:Цитокини Категорија:Никулци за имунологија