Костинброд () — град во Западна Бугарија, административен центар на општината Костинброд во Софиската Област. Има население од околу 12.338 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија Градот се наоѓа на околу 19 километри северозападно од главниот град Софија, 10 километри од Божуриште и 20 километри од Сливница, во Софиската Котлина. Низ него минуваат две реки: во северниот дел – реката Блато, а во јужниот дел – реката Белица, притоки на реката Искар.

Историја Реонот на денешен Костинброд бил познат по своите минерални води уште од римско време. Јужно од него на неговата периферија минувал античкиот римски пат Via militaris до Константинопол. Во локалитетот „Изворо“, спроти денешната фабрика на Кока-Кола, постоела римска бања, чии остатоци се видливи и денес.

Наводи

Надворешни врски Официјална веб-страница на општина Костинброд

Категорија:Населени места во областа Софија Категорија:Градови во Бугарија