Оноре де Балзак (; — ) — француски писател на романи и драми. За негово капитално дело се смета збирката романи Човечка комедија, која раскажува за животот во Франција по заминувањето на Наполеон. Се смета за еден од предводниците на реализмот во европската книжевност, поради прикажувањето на општеството такво какво е, и ликовите што имале сложен морален фоторобот. Дури и споредните ликови биле карактерно повеќеслојни, со етички двојби и целосно очовечени. Неговите дела влијаеле врз многу писатели, како Емил Зола, Чарлс Дикенс, Гистав Флобер, Хенри Џејмс и филозофот Фридрих Енгелс. Многу од романите на Балзак биле филмски преработени. Во неговата богата галерија од две илјади книжевни ликови се јавуваат пропаднати благородници,декларирани достоинственици на бонапартистичко царство, несреќни љубовници,, налудничави скржавци, вешти деловни лиѓе од новото опшество, пропаднати кариеристи, авантуристи, собари, собарки, декларирани чиновници, адвокати, попови, новинари,провинциски госпоѓици, нови богаташи, робијаши, офицери, војници, селани итн. Со своето грандиозно дело и за денешниот читател изгледа гигант и таков го замислил и го остварил големиот француски вајар Огист Роден.Раде Силјан, Странски автори и дела. Скопје: Матица Македоонска, 2001, стр. 75.

Животопис

Семејно потекло Оноре де Балзак е роден на 20 мај 1799 година во Тур, во граѓанско семејство (дури подоцна, тој додал „де“ кон своето презиме со цел да покаже дека има благородничко потекло).„Beleška o piscu“, во: Onore de Balzak, Tajne kneginje de Kadinjan - Feragus. Beograd: Bigz, 1975, стр. 187. Неговиот татко, Бернар Франсоа Балса, бил едно од 11. деца во работничко семејство од Тарн, област во јужна Франција. Во 1760 година заминал за Париз за да си го подобри социјалниот статус во општеството. Во 1776 година станал секретар на кралскиот совет и масон, и го променил презимето во Балзак бидејќи звучело поблагороднички.Robb, 4, 167–8 По јакобинската диктатура (1793–94), Франсоа Балзак бил испратен во Тур да го координира снабдувањето на француската армија.Robb, 5 Мајката на Балзак, Ан Шарлот Лора Саламбје, потекнувала од трговско семејство од Париз. Таа имала 18 години кога се омажила за Франсоа Балзак, кој имал 50 години.Robb, 5–6 Иако не била вљубена во Франсоа, таа била дадена поради пријателските односи на Франсоа со нејзиното семејство.Pritchett, 23 Оноре бил второ дете на двојката, откако една година пред него е роден Луј-Даниел, кој починал еден месец по раѓањето. Неговите две сестри биле родени во 1800 и 1802, додека најмалиот брат Анри-Франсоа во 1807 година.Robb, 8Robb, 18

Рани години мини|лево|Црковното училиште во Вандом, кое Балзак го посетувал седум години – гравура од Арман Кероa

Како бебе Балзак имал доилка, честа пракса помеѓу побогатите семејства во тоа време. На рана возраст, заедно со сестрата Лора минал четири години надвор од домот.Pritchett, 25 Кога се вратил дома, Балзак бил повлечен и без блиска врска со родителите, што силно се одразило врз него. Во неговиот роман од 1835, Лили од долината, ликот г-ѓа Каролина е строга воспитувачка, моделирана според Балзаковата воспитувачка.Robb, 9 На 10 години Балзак започнал да посетува црковно училиште во Вандом, каде учел седум години. Таткото, за да го научи сам да се бори во животот, му давал малку пари, поради што бил исмеван од побогатите соученици.Pritchett, 26Robb, 14 Балзак имал тешкотии со помнење на лекциите, поради што често бил казнуван со седење сам во друга просторија. За време на самицата, Балзак ги читал неговите омилени книги.Pritchett, 29 Овие случки биле вклучени во Луј Ламбер, роман од циклусот Човечка комедија, кој раскажува за момче кое учело црковно училиште во Вандом.Balzac (1832). Louis Lambert. Quoted in Pritchett, 29 Балзак често се разболувал, а имало случај кога учителот го известил семејството дека Балзак паднал во бунило. Удел во нарушеното здравје на Балзак и имале честите самици.Robb, 24

Во 1814 семејството на Балзак се преселило во Париз, каде Оноре две и пол години посетувал приватно училиште. Ова бил многу несреќен период од животот на Балзак, кој имал и обид за самоубиство од мостот на реката Лоара.Robb, 30 В0 1816 Балзак се запишал на универзитетот Сорбона, каде му предавале тројца познати професори: Франсоа Гизо, кој подоцна станал француски премиер, Абел-Франсоа Вилмен, професор по модерна историја, и Виктор Кузен, професор по филозофија кој ги насочувал студентите да мислат самостојно.Robb, 48 Кога ги завршил студиите, според желба на татко му, Оноре три години работел во канцеларијата на семејниот пријател и правник Виктор Пасе, подготвувајќи се за адвокатска кариера.Balzac (1840). "Le Notaire". Quoted in Robb, 44 Во 1819 година Пасе му понудил на Балзак да ја наследи канцеларијата, но тој одбил со образложение дека му било доста од правната наука.Quoted in Pritchett, 42 Наспроти волјата на родителите, Оноре започнал да се занимава со книжевност. Во 1820 година ги прекинал односите со семејството — Балзак живеел во центарот на Париз, додека семејството во париско предградие оддалечено 32 километри од центарот на градот.Saintsbury, "Honoré de Balzac", xiii

Семеен живот Во 1833, Балзак во писмо до неговата сестра открил дека имал забранета љубовна врска со писателката Марија ди Френе, која имала 24 години. Марија била во брак со градоначалникот на Сартрувил Шарл ди Френe, многу постар од неа. Во писмото, Балзак напишал дека Марија била бремена со негово дете. Во 1834 година, осум месеци по писмото, се родила Марија Каролина ди Френe. Подоцна се покажало дека ликот Марија од Евгенија Гранде бил олицетворение на вонбрачната ќерка на Балзак.

мини|десно|Портрет на Евелина Ханска од Холц фон Совген (1825)

Во февруари 1832 година, Балзак добил непотпишано писмо од читател од Одеса, во кое бил критикуван поради цинизмот, атеизмот и негативната претстава за жените во „Шагринска кожа“. Тој одговорил со платен оглас во весникот „Газета де Франс“, надевајќи се дека испраќачот ќе го прочита. Така започнало 15-годишно допишување помеѓу Балзак и „дамата од неговите соништа“ — Евелина Ханска.Robb, 223–224 Ханска била полска грофица, омажена за маршалот Вацлав Хански, богат полски земјопоседник со живеалиште во Киев, 20 години постар од неа. Тоа било брак од интерес, со цел да се зачува богатството на семејството на Евелина.Robb, 230 Маршалот Хански починал во 1841 година, што отворило можност да се сретнат. Балзак ја посетил Ханска 1843 година во Санкт Петербург и веднаш ја освоил.Robb, 340 И покрај финансиските и здравствени проблеми на Оноре, и негодувањето од рускиот цар Николај I, двојката добила дозвола да се венча.Pritchett, 261 На 14 март 1850 година, Балзак ја зел невестата од семејниот дом во Волињската Губернија, и патувале 10 часа со пајтон до црква во градот Бердичив каде се венчале. Балзак претрпел срцеви проблеми поради долгиот пат. При крајот на април, двојката тргнала на пат за Париз, а се вратила на 20 мај, на 51. роденден на Балзак.Robb, 404 На 18 август, пет месеци по женидбата, Балзак починал. Денот кога починал, Балзак бил посетен од Виктор Иго, кој го прочитал и посмртниот збор на погребот.Saintsbury, "Honoré de Balzac", xxxv Балзак бил закопан на гробиштата Пер Лашез во Париз. На комеморацијата, Иго кажал дека „денес луѓето се во црно поради смртта на надарен човек; нацијата жали за загубата на генијот“.The full text is available at Victor Hugo Central. Погребот бил посетен од писателите Фредерик Леметр, Гистав Курбе, Дима таткото, Дима синот, како и претставници на Легијата на честа. Во 1939 година, во Париз бил поставен бронзен споменик на Балзак, изработен од францускиот вајар Огист Роден.

Творештво Први книжевни обиди мини|десно|Цртеж на Балзак од раните 1820-ти, насликано од Ахил Деверија

Првиот обид на Балзак бил да напише либрето за комедијата Гусарот, според истоимената поема на Џорџ Гордон Бајрон. Набргу се откажал од оваа идеја бидејќи не можел да најде композитор. Во 1820 година ја напишал Кромвел, трагедија во пет чина, која немала позабележителен успех.Robb, 59 Кога ја завршил се вратил во Вилпаризи да ја прочита на семејството, но неговите најблиски не биле задоволни.Robb, 60 Кратко потоа започнал три романи, кои останале незавршени: Стени, Фалтурн, и Корсино. Во 1821 го запознал Огист де Поатевен, кој на Балзак му предложил да пишува кратки раскази, што подоцна ги продавал на издавачи. Балзак брзо се префрлил на подолги прозни дела, па така до 1826 година напишал девет романи во соработка со други автори, каде се потпишувал под псевдоним.Saintsbury, EB, 298 Овие дела биле сензационалистички романи по нарачка, кои требало да ја шокираат публиката и да се продадат во поголем тираж. Романот Викарот од Ардените (1822) бил забранет поради приказната за инцестна врска на женет свештеник, која била сфатена како исмевање на црквата.Robb, 103 Во овој период напишал и два памфлети како поддршка на Исусовците и католичката црква.Rogers, 15

Сепак, немал успех во писателскиот занает и по шест години се префрлил на печатарска и издавачка дејност. Најпрво издавал еднотомни изданија на француски класици, вклучувајќи и дела на Молиер, кои не му донеле никаков успех.Saintsbury, "Honoré de Balzac", xviii Повеќе среќа имал со објавување на мемоарите на грофицата Лора Жино, со која имал љубовна афера.Robb, 130 Балзак позајмувал пари од семејството и пријателите да отпочне со печатарска дејност, а потоа и дизајнирање корици на книги.Robb, 138 Поради неискуството и недостигот на пари ги предал овие дејности на близок пријател, кој подоцна успеал да ги направи профитабилни. Неговите пропаднати деловни потфати само го оптовариле со големи долгови со кои се борел во текот на целиот живот. До април 1828 година должел 50.000 франци само на неговата мајка. Сепак, тој не се предавал и во 1829 година, на триесетгодишна возраст, повторно ѝ се вратил на книжевноста, објавувајќи го романот Шуани, кој најпосле му донел слава.Dušan Milačić, „Onore de Balzak“, во: Onore de Balzak, Pukovnik Šaber. Beograd: Rad, 1969. стр. 67.

Човечката комедија мини|лево|Карикатура на Балзак од Надар во 1850