Фести Ебоселе (роден на година, во Енискорти) — ирски фудбалер, играч од одбраната на и на ирската репрезентација под 21 година.
Биографија Роден е во Енискорти, грофовијата Вексфорд, од семејство со нигериско потекло.
Технички каратеристики Неговата примарна позиција е десен бек, но тој може да игра и како десно крило во средниот ред или како лев бек. Опремен со добра техника и одличен дриблинг, умешен е во офанзивната фаза, благодарение пред се на неговата издржливост и атлетицизам.
Клупска кариера Дарби Каунти Израснал во младинските сектори на Мојн Ренџерс и Бреј Вондерерс, тој бил купен во 2018 година од англискиот клуб , кој првично го додал во својот младински тим. Своето деби за првиот тим го имал на 9 јануари 2021 година, во поразот со 2-0 на гостувањето кај нисколигашот Чорли во рамките на третата рунда од ФА Купот, натпревар во кој тој и уште тринаесет момчиња од младинскиот сектор дебитирале поради избувнување на заразени со Ковид-19 што го принудило првиот тим на Дарби да оди во изолација. Својот прв првенствен натпревар го одиграл на 10 април 2021 година, влегувајќи како замена во поразот со 1–0 од Норич Сити во Чемпионшип. На 6 ноември истата година, Ебоселе го постигнал првиот сениорски гол во ремито 1–1 против Милвол.
Во март 2022 година, по финансиските проблеми на тимот, тој објавил дека не сака да го продолжи договорот. Вкупно за овните настапил во 41 натпревар и постигнал 2 гола.
Удинезе На 21 март 2022 година, тој објавил дека се согласил на договор со италијанскиот клуб во времетраење од 5 години. Откако во текот на летото му се приклучил на клубот, Ебоселе го направил своето деби како за Удинезе така и во италијанската Серија А, на 13 август 2022 во поразот со 4-2 на гостувањето кај . Со тоа, тој станал првиот ирски играч кој настапил на еден натпревар од Серија А по пауза од 22 години и Роби Кин.
Репрезентативна кариера Тој ја претставувал Ирска во селекциите под 16, 17 и 21 година. На 25 мај 2022 година, тој бил повикан за прв пат во сениорската репрезентација, за натпреварите од Лигата на нации против , и .
Статистика на кариерата Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 13 август 2022.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2020-2021 ФЛЧ 3 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0+0 - - - - - - 4 0 2021-2022 ФЛЧ 35 2 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 37 2Вкупно Дарби Каунти 38 2 2+1 0+0 0 0 - - - - 41 22022-2023 А 1 0 КИ 0 0 - - - - - - 1 0Вкупно во кариерата 39 2 3 0 - - - - 42 2
Наводи
Надворешни врски
Фести Ебоселе на soccerway Фести Ебоселе на transfermarkt Фести Ебоселе на espn Фести Ебоселе на tuttocalciatori Фести Ебоселе на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Ирски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Дарби Каунти Категорија:Фудбалери на ФК Удинезе Категорија:Фудбалери во Серија А