Мартин Томовски (роден на 10 јули 1997 г.) — македонски ракометар кој игра за Потсдам во германската бундеслига и за македонската репрезентација.EHF profile
Клупска кариера Томовски започнал да тренира ракомет на 13 годишна возраст во школа на ракометната академија на Металург, но кратко потоа преминал во редовите на Тинекс Пролет, каде што бил член на младинската екипа.Томовски: Ги одбив сите мак-понуди, сакав да играм во Бундеслигата gol.mk; 8 јануари 2020 По барање на Лино Червар, тогашниот тренер на Металург, Томовски се вратил во својот поранешен клуб и потпишал професионален договор со Металург.Интервју со Мартин Томовски: Соништата се исполнуваат само ако веруваме во нив! 24rakomet.mk; 4 јули 2016
На крајот на натпреварувачката сезона 2018/19, Томовски потпишал двегодишен договор со германскиот бундеслигаш Лудвигсхафен.Лудвигсхафен го престави петтиот Македонец во Бундеслигата - Мартин Томовски gol.mk; 10 јули 2019 По завршувањето на неговиот договор со бундеслигашот, Томовски се вратил во Македонија потпишувајќи за Вардар 1961.
Репрезентативна кариера Томовски бил дел од составот на јуниорската репрезентација на Македонија која го освоила 6. место на Светското јуниорско првенство 2017 во Алжир, завршувајќи како деветти најдобар голман на првенството со процент на одбранети удари од 29.1%.- SCORE STANDINGS (GOALKEEPER)
Своето сениорско деби на големите натпреварувања во репрезентативниот дрес, Томовски го имал на Светското првенство 2021 во Египет.
Успеси Македонска супер лига Победник: 2022 Куп на Македонија Победник: 2019, 2022, 2023 Суперкуп на Македонија Победник: 2023
Поединечни награди Најдобар голман во Купот на Македонија 2018Кристопанс МВП, Томовски најдобар голман на завршницата во Купот на Македонија gol.mk; 19 мај 2018 Најдобар голман во Купот на Македонија 2022 Талески МВП на турнирот, Томовски нај голман g-sport.mk; 15 мај 2022
Наводи
Надворешни врски Мартин Томовски на Европската ракометна федерација
Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Ракометни голмани Категорија:Ракометари од Скопје