Јасин Адли (роден на година во Витри сир Сен) — француски фудбалер, играч од средниот ред на Фјорентина на заем од Милан.

Клупска кариера Париз Сен Жермен

Адли го направил своето професионално деби за Париз Сен Жермен (ПСЖ) на 19 мај 2018 година во последниот натпревар во Лига 1 од сезоната против Каен. Тој го заменил Кристофер Нкунку во 83 минута во ремито 0–0 на гости. На 2 јули 2018 година, Адли го потпишал својот прв професионален договор со ПСЖ.

Бордо

На 31 јануари 2019 година, последниот ден од зимскиот преоден рок 2018–19, Адли му се придружил на лигашкиот ривал Бордо со договор од 4+1⁄2 години. Трансферот, наводно, вклучувал надомест од 5,5 милиони евра и клаузула за продажба од 40%.

Адли постигнал гол против неговиот поранешен тим Париз Сен Жермен во ремито 2–2 на Паркот на принцовите на 28 ноември 2020 година.

Милан

На 31 август 2021 година, било објавено дека Адли потпишал за гигантот од Серија А, Милан на петгодишен договор. Надоместокот платен на Бордо изнесувал 8 милиони евра. Тој бил позајмен назад во клубот до крајот на сезоната 2021–22.

Меѓународна кариера

Адли е роден во Франција Тој е младински интернационалец за Франција и ја претставувал Франција до 17 години на Европското првенство за играчи до 17 години во 2017 година и на Светското првенство за играчи до 17 години во 2017 година.

Статистика

+ Настапи и голови по клуб, сезона и натпреварувањеКлубСезонаЛигаНационален купЛига купЕвропаОстанатоВкупноЛигаНзтпр.ГоловиНзтпр.ГоловиНзтпр.ГоловиНзтпр.ГоловиНзтпр.ГоловиНзтпр.ГоловиПСЖ Б2017–18 Државно првенство 293————932018–19Државно првенство 2111————111Вкупно204————204Париз Сен Жермен2017–18Лига 11000000000102018–19Лига 1000000000000Вкупно100000000010Бордо2018–19Лига 1700000——702019–20Лига 12132020——2532020-21Лига 135210———3622021-22Лига 136100———361Вкупно9963020——1046Милан2022-2023Серија А0000—000000Вкупно120103020000012510

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Бордо Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Француски фудбалери Категорија:Живи луѓе