Емануил Васкодович (Мелник, 1795 – Свиштов, 30 септември 1875) — истакнат македонски преродбеник, основач на првото световно училиште во тогашна Отоманска Бугарија.Енциклопедия „България“, Издателство на БАН, том 2, 1978.

Животопис Васкидович е роден како Манолаки Васкиди () во градот Мелник, Светиврачко, Пиринска Македонија. Учел во грчко училиште во родниот град, а потоа на островот Хиос. Покасно завршил Кнежевска академија во Букурешт. Во 1815, го основал првото „Елино-бугарско училиште“ во градот Свиштов. Подоцна ја основал и првата училишна библиотека во Бугарија, каде оставил 800 тома литература. Во 1832, го вовел методот на Бел-Ланкастер во Свиштовското училиште каде се предавало граматика, аритметика и географија. Во 1845 бил избркан од градот под притисок на гркоманите, за повторно да се врати и да предава во периодот помеѓу 1854 и 1863. Во меѓувреме, бил учител во Плевен.

Васкидович му помагал на Неофит Бозвели во печатењето на неговата книга Словеноболгарское детеводство во 1835 во Крагуевац, Кнежевство Србија. Тој бил автор на 15 книги, како и на граматика на старогрчки јазик.

Наводи

Категорија:Македонски општественици Категорија:Македонски преселници во Свиштов Категорија:Родени во 1795 година Категорија:Починати во 1875 година Категорија:Луѓе од Мелник Категорија:Македонски преродбеници Категорија:Македонски просветители