мини|десно|Волче Наумчески Волче Наумчески (Прилеп, - Скопје, ) — македонски писател. Автор е на првата стихозбирка исцело напечатена на македонски јазик во предвоена Југославија, стихозбирката „Иди пролет“, испечатена во Битола во 1939 година.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1028-1029 стр.
Објавил голем број стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат „Поема за злото“, „Пролетни желби“, „Виорно знаме“ и „Седумдесет цветови“.
Животопис
Во 1934 година се зачленил во „Трезвена ложа“. Од 1935 година бил активен член на Културно-просветното друштво „Абрашевиќ“ во Прилеп. Во тој период ја напишал и својата прва песна „Молитва“. Во 1939 година му е објавена првата стихозбирка „Иди пролет“.
Во 1940 година бил мобилизиран во војската на Кралска Југославија. Како војник за време на Априлската војна, на 9 април 1941 година, бил заробен од Германците кај Ниш и одведен во Бугарија, во логорот во Драгоман и Сливница. Откако е ослободен, заминува во Софија. Таму ја објавува својата стихозбирка „Македонска китка“.Вълчо Наумчески, „Македонска Китка (стихотворения)“, София, 1941. На 2 септември 1941 година, исто така во Софија, бил сведок на смртта на Коле Неделковски.Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 26-27. Истиот месец се враќа во Прилеп. Учествувал во оружената акција на 11 октомври и станал борец на Прилепскиот партизански одред. Кога се растурил одредот, во декември 1941 година одново заминува во Софија. Во 1943 година повторно заминува во партизани и објавува стихови за борбата.
По војната работел во МВР, во одделот за агитација и пропаганда.
За своите залагања во НОВ е одликуван со Орден на храброст, Орден за заслуги за народ и Орден на трудот. Од областа на литературата, во 1968 година ја добил наградата на Струшките вечери на поезијата за најдобра книга за деца за таа година. Добитник е и на наградата „11 октомври“ за животно дело.
Наводи
Надворешни врски „Виорно знаме“ „Шпанија“
Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Починати во Скопје