Стенфорд Дор школата за одржливост () е академска единица насочена кон изучување на климатските промени и одржливоста при Стенфордовиот универзитет во Стенфорд, Калифорнија, САД. Школата започна со работа на 1ви септември, 2022 година и претставува една од најголемите школи во САД поврзани со проучувањето на климатските промени.

Прв декан на школата е Арун Маџумдар. Нејзиното основање беше овозможено со донации од Џон и Ен Дор (според кои школата е именувана), Џери Јанг и Акико Јамазаки и Дејвид и Анџела Фило. Донацијата од Џон и Ен Дор во вредност од 1,1 милијарди американски долари е втората најголема донација кон академска институција во САД. Стенфорд Дор школата за одржливост има добиено и неколку донации од компании кои работат со фосилни горива што предизвика револт меѓу студентите и професорите.

Наводи

Категорија:Стенфордов универзитет Категорија:Универзитети во Калифорнија Категорија:Климатски промени