Андре Пол Гијом Жид (; 22 ноември 1869 – 19 февруари 1951) — француски писател и добитник на Нобеловата награда за литература во 1947 „за неговото разбирливо и уметнички значајно пишување, во кое човековите проблеми и состојби се претставени со бестрашна љубов по вистината и силно психолошко гледиште“.www.nobelprize.org Кариерата на Жид се протега од симболистичкото движење па сè до доаѓањето на антиколонијализмот помеѓу двете светски војни.
Животопис Детството и младоста Андре Жид е роден во Париз, во богато семејство, на 22 ноември 1869, како син единец на Пол Жид, професор по право на Парискиот универзитет и протестант по вера, и Жилиет Рондо, чие благородничко семејство отпрвин било католичко па преминало во протестантско. Семејната атмосфера во која растел и се развивал, Андре Жид ја опишал во својата позната автобиографија, објавена во 1924 година, чиј наслов „Ако умре...“ (Si le grain ne meurt) го презел од зборовите на св. Јован, кој зборувал како зрното пченица мора прво да умре пред да донесе род.„Nobelova nagrada za književnost 1947. godine“, во: Andre Žid, Podrumi Vatikana. Novi Sad: Vega Media, 2004, стр. 252. Во својот дневник, Андре Жид го опишал својот татко како човек кој „поголемиот дел од денот го поминуваше молчејќи во огромната и прилично мрачна работна соба во која смеев да влезам единствено ако тој недвосмислено ме повикаше.“ Таму, на својот син му ги читал делата на Молиер, како и извадоци од „Одисејата“.„O autoru Andre Žid (1869-1951)“, во: Andre Žid, Podrumi Vatikana. Novi Sad: Vega Media, 2004, стр. 257. Уште во раната возраст почнал да свири на пијано, но иако напредувал, никогаш не станал вистински музичар. Првите училишни години, во Алзашката школа во Париз, нагло биле прекинати кога го исклучиле од училиштето за период од три месеци за да се лекува од „лошите навики“, односно од маструбацијата за која и самиот рекол дека е „грев“.Si le grain ne meurt, I, chapitre 7
Смртта на татко му, во 1880 година, го погодила десетгодишниот Андре многу длабоко и му го попречила школувањето, а семејството се преселило во Нормандија. Андре Жид западнал во анксиозност и во душевни кризи, што се одразило врз неговото школување. Детството и раната младост ги поминал во друштвото на неговата строга мајка, која го гушела со грижа и внимание, на Ана Шаклетон, гувернантата на мајка му, тетките и братучетките. Честопати, наместо редовната настава, бидејќи не се снаоѓал најдобро во училишната средина, посетувал часови кај приватни професори, а кај еден од нив нашол инспирација да почне да води интимен дневник. Во 1881 година, Жид пак почнал да учи во Алзаската школа во Париз, но поради засилените главоболки, повторно морал да ја напушти редовната настава.
Поголемиот дел од детството Жид го поминал во Руан, каде во 1882 година, се зближил со неговата братучетка Мадлен, која почнал да ја идеализира и во која се вљубил, но на чисто интелектуален начин. Во тоа време, таа имала 16 а тој 13 години. Со неа многу се допишувал и двајцата заедно ја читале Библијата како и старогрчки автори. Во овој период, Жид се интересирал за религијата и бил воспитуван во пуритански дух. врска=https://fr.wikipedia.org/wiki/Fichier:Andr%C3%A9_Gide_%C3%A9cole_Alsacienne_d%C3%A9tail.jpg|лево|мини|Фотографија од класот во Алзаската школа во 1887, Жид (стои) и Пјер Луис (седи). Во 1887 година се запишал во класот по реторика во Алзаската школа, каде го запознал Пјер Луис, со кого развил големо пријателство засновано врз нивната заедничка љубов кон книжевноста. Следната година, Жид ја подготвувал матурата од областа на филозофијата и го открил творештвото на Шопенхауер. По матурата во 1889 година, тој почнува да излегува по книжевните салони, каде се запознал со многу писатели. Во 1890 година умрел вујко му, Емил Рондо, таткото на Мадлен. За време на летото, Андре престојувал на езерото Анси каде ги напишал „Тетратките на Андре Волтер. Во декември, заминал за Монпелје кај чичко му Шарл Жид, каде се запознал со Пол Валери и нивното пријателство траело целиот живот. Откако почнал да се дружи со Пол Валери, односот со Пјер Луис почнал да се распаѓа, поради егоцентричноста на Жид. Истовремено, Мадлен ја одбила понудата за брак. Во целост, овој период, во кој Жид шетал низ француските салони и напразно го губел времето, кај него предизвикало длабока депресија.Si le grain ne meurt, I, chapitre 10
Познанството со Оскар Валјд и патувањето во Северна Африка врска=https://fr.wikipedia.org/wiki/Fichier:Gide_1893.jpg|мини|Андре Жид во 1893. Во 1891 година, кратко време откако го напишал „Трактатот на Нарцис“, Жид го запознал Оскар Вајлд, кој истовремено го плашел и го фасцинирал. За Жид, кој копнеел по некаков аскетски идеал, Вајлд му отворил сосема Нов Свет и Жид почнал да мисли дека е „должност човекот да се чувствува среќно“.Journal, avril 1893 Набргу, тој го открил светот во кој се дозволени задоволствата и полека го напуштил строгиот пуританизам. Во овој период, неговиот однос со мајка му почнал да се менува, но истовремено таа ја прифатила неговата желба да се ожени со Медлен, чие семејство било против каква било врска помеѓу двајцата. Пролетта, 1892 година, Жид престојувал во Минхен, а следната година го објавил делото „Патување на Уриен и љубовното искушение“ (Voyage d'Urien et la tentation amoureuse).
Благодарение на неговиот пријател Ежен Руар, Жид се запознал со младиот поет, Франсис Жам, со што се родило долго пријателство. Токму таа година, Андре Жид ја доживеал својата голема духовна криза која се должела на растргнатоста помеѓу строгото пуританско воспитание и неговите хомосексуални нагони. Во текот на еден престој во Северна Африка, тој ги искусил првите такви ослободувачки искуства благодарение на пријателството со сликарот Пол Лоран, кој одиграл клучна улога во животот на Жид. Лоран добил стипендија за патување во странство, која решил да ја сподели со Жид, а ова патување всушност е предмет на делото „Ако житото не умре“.Si le grain ne meurt, II, chapitre 1 Во октомври 1893 година, тие заминале на деветмесечно патување, во Тунис, Алжир и во Италија. Уште од почетокот, Жид бил болен, а здравствената состојба му се влошила во Тунис. Таму, во градот Сус, Жид го открил задоволството со некое младо момче по име Али. Во ноември, Пол и Андре се населиле во Бискра, во Алжир каде останале до февруари 1894 година. Загрижена за здравјето на синот, мајка му на Жид дошла да ги посети. Пролетта, Жид се вратил во Франција кратко поминувајќи низ Италија, каде ги открил убавините на Рим и Фиренца. оттаму, во лоша здравствена состојба, тој заминал за Швајцарија, каде му било дијагностицирано невротично растројство. Жид решил да се пресели во провинцијата, во Ла Бревин, каде го напишал делото „Мочуришта“.
Бракот На почетокот на 1895 година, Жид по вторпат заминал во Алжир. Тој повторно се сретнал со Вајлд и со неговиот љубовник лордот Алфред Даглас и доживеал уште една значајна ноќ со некој млад музичар. Преписката со мајка му била исполнета со горчина, но кога се вратил во Франција нештата се смириле. Медлен конечно се зближила со него, а ненајдената смрт на мајка му, на 31 мај 1895 година, едновремено значела болка и ослободување за Андре Жид. Овој настан ги забрзал нештата околу бракот кој Жид одамна го посакуваl, a којшто воедно му бил препорачан од некој лекар како спас од хомосексуалните стремежи. Мадлен Рондо и Андре Жид се свршиле во јуни, а стапиле во брак на 7 октомври 1895 година. Потоа, тие заминале на седумесечно свадбено патување во Швајцарија, Италија, Тунис и Алжир. Во Швајцарија, Жид работел на „Земските исхрани“, книгата што ја започнал во Бискра.
Патувањето на младенците продолжило во Италија, а потоа повторно се вратиле во Алжир, во Бискра, каде ги посетиле Жам и Руар. Штом се вратил во Франција, пролетта 1896 година, Жид дознал дека е избран за градоначалник на Ла Рог-Бењар. Тој го прифатил мандатот, но одбил да се занимава со политика. Нивниот брак бил среќен, но лажен, бидејќи Жид одбивал да има сексуални односи со Медлен, која за неговите хомосексуални авантури дознала во 1916 година, кога од невнимание отворила некое писмо адресирано до Андре Жид.
Од почетокот на 20 век до Првата светска војна врска=https://fr.wikipedia.org/wiki/Fichier:GideparBataille.jpg|мини|Портрет на Анри Батај.
Кон крајот на 19 век и почетокот на XX век, Жид воспоставил нови пријателства со Жак Копо, Жан Шлумбергер и Шарл ди Бо, а врската со Франсис Жам полека исчезнала, кој бил верски преобратен од страна на Пол Клодел, но тоа не била главната причина за раскинувањето. Жид накратко бил заинтересиран за Клодел, но го отфрлил како „фанатик“.Correspondance, 1899-1926, Paul Claudel, André Gide. Жид ја одбивал верата што ја сакал Клодел, препрочитајќи ја емпатијата. Во 1900 година, тој го продал својот голем замок во Ла Рог-Бењар и изградил скромна куќа во Отеј, каде останал да живее цели дваесет и пет години (1906-1928). Ова укажува на потребата да им помага на другите и свеста за неправедноста на својата благородничка положба.
Кон крајот на првата деценија на XX век, Жид го основал весникот „Нова француска ревија“ (Nouvelle Revue Française). Иако тој официјално не бил директор, во најмала рака бил главен уредник, работејќи со Жан Шлумбергер, Жак Копо и други. Во 1911 година, групата се поврзала со Гастон Галимар и создале издавачка куќа, објавувајќи книжевни текстови. Во 1912 година, Жид, во својство на лектор во „Нова француска ревија“, го одбил делото „Кај Сван“ (Du côté de chez Swann) на Марсел Пруст, поради снобизмот на неговиот автор. Две години подоцна, тој се покајал за тоа и му напишал на Пруст дека заради тој гест целиот живот ќе го гризе совеста.
Во 1916 година, Жид добил искушение да се преобрати во католик, предизвикано од преобраќањето на неговиот љубовник, Геон. Проблемот не бил толку религиозен колку што бил морален: тој се колебал меѓу паганството кое му овозможувало да се докажува во уживањето и верата која му давала оружје да се бори против личниот грев. Неговите размислувања се запишани во делото Numquid et tu. Најпосле, Жид не се преобратил, а заслуга за тоа имал и Пол Клодел.
Во 1917 година, Анри Геон дефинитивно се оддалечил од него и во мај Жид се вљубил во младиот Марк Алегре, тогаш на возраст од 16 години и со него започнал куса љубовна врска во тек на патувањето во Кембриџ, од јули до октомври 1918 година.André Gide & Marc Allégret - Le roman secret, Pierre Billard, Plon, 2006. Тогаш, Мадлен го напуштила Жид, ги изгорела сите писма што тој ѝ ги напишал и си заминала.
Татковство Во јануари 1923 година, Жид патувал низ Италија со Елизабет ван Риселберг (ќерка на сликарот Тео ван Риселберг), со која се познавал претходно и имал љубовна врска. Во март, Жид заминал за Мароко, а на 18 април, од таа љубовна врска се родила неговата ќерка, Катарина Жид. Раѓањето на детето останало тајна до смртта на Мадлен, во 1938 година. Подоцна, својот брак со Мадлен, Жид го опишал како „брак на рајот и пеколот“.„O autoru Andre Žid (1869-1951)“, во: Andre Žid, Podrumi Vatikana. Novi Sad: Vega Media, 2004, стр. 258.
Патувањата во Африка врска=https://fr.wikipedia.org/wiki/Fichier:Marc_All%C3%A9gret_&_Andr%C3%A9_Gide_-_1920.jpg|мини|Марк Алегре и Андре Жид во 1920.|264x264пкс