Влатко Богдановски (, ) — македонски шахист. Игра за клубот СК Алкалоид Скопје.
Животопис Богдановски е роден во Битола во 1964 година. Основно образование завршил во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола, а средно образование во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во 1983 година во родниот град. Образованието го продолжил на Филозофскиот факулет во Скопје отсек новинарство, кое го завршил во 1988 година и се здобил со звањето дипломиран новинар.
Кариера Трипати го има освоено поединечното првенство на Македонија: 1993, 1995 и 2009 година. Исто така трипати бил републички првак: 1986, 1987 и 1989 година, како и еднаш на Отвореното првенство во 2013 година (во период кога не се организирало Затворено првенство).
За Македонија настапувал на седум шаховски олимпијади: 1994–2000, 2004, 2012 и 2014 година. Учествувал и на четири Европски екипни првенства (1997-2001 и 2013) и едно Светско екипно првенство (2001).
Во 1988 година ја добил титулата меѓународен мајстор (ММ), а во 1993 година титулата велемајстор (ВМ).
Во 2018 година станал ФИДЕ тренер.
Поврзано Шаховско првенство на Македонија
Наводи
Надворешни врски Настапи на Влатко Богдановски на шаховски олимпијади Настапи на Влатко Богдановски на светски првенства Настапи на Влатко Богдановски на европските првенства Настапи на Влатко Богдановски на поединични европски првенства Настапи на Влатко Богдановски во купови на европски клубови
Категорија:Македонски шахисти Категорија:Шаховски прваци на Македонија Категорија:Шаховски велемајстори