CZ 99 (CZ-99) е пиштол во поризводство на Застава Оружје од Крагуевац, Србија.

Варијанти Калибарот на пиштолот е 9mm Пара, но постои и верзија .40SW. Постојат понови верзии: CZ 999, со СДФ (само двојна функција) и ДФ/ЕФ (двојна функција/единечна функција) селектор и CZ 999 Scorpion без овој селектор.

Во ова време, Црвена Застава работат на нови модификации на првичниот концепт.

Четвртата генерација од семејството CZ 99 е CZ05 кој почнал да се произведува на пролет 2007. Се разликува од CZ 999 Scorpion со тоа што му е додадена Пикатини-шина.

Употреба Спрската и македонската полиција користат CZ 99 како службен пиштол, а истиот и се извезува. Копии на CZ 99 се произведувале во Јужна Африка и Израел. Постои и компактна верзија: CZ 99G Compact.

Израелската копија е онаа на моделот CZ 99 Compact G и се произведува од KSN Industries и го носи името „Голан“. Јужноафриканската копија е онаа на големиот CZ 99, со име TZ-99 и негов произведувач бил Tressitu накратко пред нивниот банкрот.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на Застава Оружје CZ999.org - Застава CZ 999 и Застава CZ05 - Неофицијално мрежно место

Категорија:Српски полуавтоматски пиштоли Категорија:Пиштоли