Беким Сали (р. 7 март 1978 година во Скопје) — македонски политичар, стоматолог и поранешен министер за здравство меѓу 2022-2023 година и актуелен министер за европски прашања. Тој е од редовите на ВРЕДИ.

Животопис Сали е роден на 7 март 1978 година во Скопје. Средно училиште завршил во 1997 година во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје. Во 2007 година дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје, по што продолжува на постидпломски студии за јавно здравје. Зад себе има ангажмани во невладиниот сектор за здравство како и во министерството за здравство.

Основач е и претседател на Здружението за здравствена култура и воспитание „ПроВита“ – Скопје. Свето професионално искуство го надградувал како член на Стоматолошката комора на Република Македонија, член на Здружението на албански стоматолози и член на Здружението на Албанските имплантолози во републикава. Учествувал на научни активности од областа на стоматологијата организирани од Стоматолошката комора и Здружението на албанските стоматолози на Република Македонија.

Во 2008 година ја основал и бил директор на стоматолошката клиника „Молар“ во Скопје. Од 2009 до 2010 година е шеф на кабинетот на министерот за здравство и претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.

Своето политичко искуство го отпочнува како претседател на огранокот на општина Чаир на движењето „Беса“. Од 2019 до 2020 година бил организациски секретар на партијата „Алтернатива“. Од 2020-2022 година бил генерален секретар на „Алтернатива“ и кандидат на локалните избори во Чаир.

На 24 декември 2025 година, Сали беше избран за нов министер за европски прашања, преземајќи ја функцијата од Орхан Муртезани. Тој доаѓа од редовите на Коалицијата ВРЕДИ. Тој е исто така прв заменик претседател на владата, заменувајќи го Изет Меџити, кој беше избран за градоначалник на Чаир на локалните избори во 2025 година.

Личен живот Сали живее во Скопје, е женет и татко на три девојчиња, на кои многу им се посветува. Тој е етнички Албанец. Тој течно зборува македонски, албански, англиски и турски јазик.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Министри Категорија:Политичари Категорија:Министерство за здравство на Република Македонија Категорија:Влада на Република Македонија