Лира Бојку  (албански: Lira Bojku, 9 јуни 1990 година во Скопје) е писателка од албанска националност од Македонија.

Живот Лира Бојку е родена на 9 јуни 1990 година во Скопје.https://meta.mk/lira-bojku-sakam-zdrava-hrabra-mladina-koja-se-bori-da-gi-postigne-czelite-i-sonishtata/ Од рана возраст покажувала посебен интерес за книжевноста и ликовната уметност. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ), каде што била прогласена за студент на генерациjа 2009/12.https://www.seeu.edu.mk/mk/information/news-events?id=707 Постдипломските студии ги следела во програмата ТЕМПУС Меѓународни односи - Човекови права каде што во 2016 година магистрирала. Била една од десет наjдобрите оратори од средните училишта во Скопjе (натпревар организиран од Град Скопjе).

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од февруари 2018 година. Пишува поезиjа и проза.

Творештво „Црвените чевли" - збирка раскази на албански јазик 2015 година. „Љубов во машина за перење алишта" - збирка раскази на албански јазик 2017 година. „Љубовта на генерал Ш" - збирка раскази на македонски јазик, 2018 година.https://makfax.com.mk/kultura/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B1%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%B8-%D1%99%D1%83%D0%B1%D0%BE%D0%B2/ „Сакав да ти кажам" ("Doja të të them") - збирка раскази на албански и македонски јазик, 2021 година.https://www.kumanovonews.mk/vesti/promocija-na-knigata-sakav-da-ti-kazam-od-lira-bojku

Meѓународни изданија: Превод на дел од нејзиното дело на унгарски, книгата „Visszaszámlálás“, 2020 година како дел од проектот „Денови на македонската култура во Будимпешта 2020 година.“ Турски превод на нејзината песна со која била претставена на литературната средба „Балканска поетска вечер“ која се одржала на 31.10.2020 година во Истанбул. Нејзини раскази биле изложени во изложбата на поезии „Белите сенки", организирана од Галериjа Ќахили во 2019 година во Приштина. Нејзините песни биле дел од изложбата „Ода на ѕидовите" – Изложба на неискажани зборови во Градската галерија во Гњилане, Република Косово во 2023 година.

Авторство како група автори: Книга II Раскази.мк- Раскази преведени на македонски - дел од проектот на ЕВН „Креирај книга“ (2015 година)https://faktor.mk/nova-zbirka-raskazi-i-chitalna-od-proektot-sozdadi-kniga-na-evn-makedonija/breitling-x-triumph--sojuz-na-precizno-inzenerstvo-i-stil- Книгата „Наративен свет (Botë narative)“-збирка раскази на албански и македонски јазик (2019 година) Книгата „Литературно шаренило на Балканот“ - стихозбирка (2020 година) Литературно списание Арс Албаник Македонско литературно списание Синтези(број 45, 2018 година) Книгата „Антологија на поезијата на албанските поетеси од Република Македонија“, (2019 година) Месечно списание за култура ЈУВЕНИЛА, (2022 година) Книгата „Самодиви“ - Антологија на поезијата од 114 поетеси од Република Македонија, (2023 година) Книгата „Антологија на копнежот“ од современата македонска поезија,(2024 година)

Учество на литературни манифестации: „Стихови на веранда". „Љубовта на Мајката за мир" - по повод 106-годишнината од раѓањето на Агнес Гонџа Бојаџиу - Мајка Тереза, „Скопје чита"(I,II,III,IV,VI издание). „Книжевна средба за Маjка Тереза" Литературна средба-Balcan Book Club-Струга. Првиот Интернационален Поетски Фестивал во Скопје (Skopje poetry festival)-2021 година Меѓународен фестивал „Денови на прозата“ во Куманово-2022 година Балканска поетска вечер (II издание)

Награди Во 2021 година е добитничка на „Наградата Дритеро" (III место за проза) на Националниот литературен конкурс организиран од Фондацијата Дритеро Аголи, во Тирана. Во 2017 година наградена со трето место за проза во склоп на традиционалната манифестациjа Културно лето на Тетово во организација на Клубот на писатели, во соработка со Општина Тетово. Во 2014 година наградена со трето место за поезиjа (награда Сефер Селими), во литературниот натпревар организиран од Општина Гостивар. Во 2013 година наградена со второ место за проза, во литературен натпревар организиран од Општина Тетово по повод Денот на азбуката.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Македонска книжевност Категорија:Родени во Скопје Категорија:Македонски Албанци