„Крвава бајка“ — југословенски филм од 1969 година, во режија на Бранимир Тори Јанковиќ. Главните улоги ги толкуваат: Велимир Бата Живоиновиќ, Мија Алексиќ, Мира Ступица итн.РТС, Крвава бајка (пристапено на 21.10.2022)

Синопсис Во филмот е прикажано стрелањето на луѓето во Крагуевац на 21 октомври 1941 година низ настаните кои се однесуваат на група деца, улични чистачи на чевли. По окупацијата на Крагуевац, илјадници работници одбиваат да работат за окупаторот, така што целиот град е изложен на репресија, прогони и укинување на редовното снабдување со храна. Во тие услови, децата се снаоѓаат на разни начини. Така, детето наречено Мали Пиљак доаѓа на идејата со својата дружина да организира пред касарната чистење на чевлите на германските офицери и војници и така децата заработуваат пари. Меѓутоа, при една борба со партизаните во близината на градот се убиени многу германски војници. Во знак на одмазда, германската војска одлушува да стрела сто луѓе за секој погинат војник. Тогаш, во градот почнува лов на луѓето. Малите чистачи одбиваат да им ги чистат чизмите на германските војници и поради тоа и нив ги носат на стрелање.

Наводи

Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Крагуевац Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови од 1969 година Категорија:Филмови на Бранимир Тори Јанковиќ Категорија:Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија:Филмови со Мија Алексиќ Категорија:Филмови со Мира Ступица Категорија:Филмови со Љуба Тадиќ Категорија:Филмови со Љубиша Јовановиќ Категорија:Филмови со Јанез Врховец Категорија:Филмови со Северин Бијелиќ Категорија:Филмови со Драгомир Фелба Категорија:Филмови со Горица Поповиќ Категорија:Филмови со Зоран Миленковиќ