Салаетин Билал (Скопје, - , ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и режисер од турска народност.

Животопис Салаетин Билал студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година, тој станал член на ансамблот на Турски театар - Скопје. Како глумец гостувал и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма.

За своето глумечко умеење бил награден како најдобар артист на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1976 и 1990 година, а на Театарските игри во 1992 година добил награда за најдобра споредна улога. Двапати бил добитник на наградата што ја доделува ревијата „Екран“ - прогласен е за глумец на годината во 1976 и 1977 година. Добитник е и на општествените признанија „13 Ноември“ - Награда на градот Скопје за 1977 г., а во 1984 година го доби највисокото републичко признание Наградата „11 Октомври“, Добитник е на Наградата за животно дело "Војдан Чернодрински" 2014. Починал во Скопје на 10 мај 2018 година.

Филмографија Година Филм Улога 1975 Волшебното самарче ТВ-серија 1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Кајмакам 1977 Итар Пејо ТВ-серија 1980 Време, води ТВ-филм Кајмакам 1982 Полноќно сонце краток филм 1982 Илинден ТВ-серија 1983 Премиера ТВ-филм 1983 Записник ТВ-филм 1984 Белото циганче ТВ-серија 1985 Курсот завршува со коњ ТВ-филм Тахир 1985 Од зад грб ТВ-филм Сами 1985 На наш начин ТВ-филм 1986 Солунски патрдии ТВ-серија Јашар Бег 1987 Народни трибуни ТВ-серија 1988-1989 Тврдокорни ТВ-серија 1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Самба 1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм Паша ефенди 1993 Македонска сага ТВ-филм 1994 Македонски народни приказни ТВ-серија 1995 Ангели на отпад ТВ-филм Миксер 1997 Џипси меџик ТВ-филм Муџахедин 2000 Глас ТВ-филм 2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија 2001 Прашина ТВ-филм Мајор 2001 Зад непријателските линии ТВ-филм Ејуп 2002 Наше маало ТВ-серија 2003 Чекор пред времето ТВ-филм 2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-серија Абдурахман Паша 2004 Илузија ТВ-филм 2004 Под ТВ-филм Танас Митикј 2005 Крчма на патот кон Европа ТВ-филм Ристе 2006 Таква ТВ-филм Шукру 2007 Стапица ТВ-филм Таткото на Соња 2007 Сенки ТВ-филм Герасим 2007-2009 Збогум Румелија ТВ-серија Масер Паша 2009 Исток, запад , исток ТВ-филм Келнер 2009-2010 Балканска свадба ТВ-серија Влатко 2010 Народни приказни ТВ-серија Момир 2010 Жарче ТВ-филм Дедото 2010 Мајки ТВ-филм Дедо 2010-2012 Македонски народни приказни ТВ-серија 2012 Трето полувреме ТВ-филм Чевлар 2013 Балканот не е мртов ТВ-филм Валијата 2013 Игра и спас ТВ-филм Таткото 2014 До балчак ТВ-филм Гостилничарот 2014 Големата врата ТВ-серија 2015 Три дена во септември ТВ-филм Бакалот 2015 Лимоната ТВ-филм Али Риза 2016 Преспав ТВ-серија Директорот Ташко 2017 Евгеничарите ТВ-филм Стар човек 2017 5+ фамилија ТВ-серија 2018 Народни приказни ТВ-серија Кадијата 2018 Незаборавна пролет, во заборавено село ТВ-филм Басри 2018 Дедо и внук ТВ-филм Дедото

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Глумци од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Југословенски глумци Категорија:Македонски Турци