мини|десно|300п|Краците на Млечниот Пат
Орионов Крак — помал спирален крак на Млечниот Пат со ширина од 3.500 светлосни години (1.100 парсеци) и 10.000 светлосни години (3.100 парсеци) во должина.Harold Spencer Jones, T. H. Huxley, Proceedings of the Royal Institution of Great Britain, Royal Institution of Great Britain, v. 38–39. Познат е и под полното име крак Орион-Лебед, Месен Крак или Орионов Мост.
Кракот е наречен по соѕвездието Орион, кое е меѓу најзабележителните на зимското небо (на северната полутопка).
Сместен е меѓу кракот Кобилица–Стрелец (чии месни делови се издадени кон Галактичкото Средиште) и Персеевиот Крак (чиј месен дел е главниот најнадворешен крак и еден од двата главни во галаксијата).
Кон средината на 2013 г. се изнесени докази дека Орионовиот Крак може да е огранок на Персеевиот Крај, или пак одделен изданок.Earth's Milky Way Neighborhood Gets More Respect, National Radio Astronomy Observatory, Dave Finley, 3 јуни 2013
Сончевиот Систем се наоѓа близу неговиот внатрешен обрач во релативна шуплина во меѓуѕвездената средина наречена Месен Меур, некаде наполу од должината на кракот, околу 8.000 парсеци (26.000 светлосни години) од Галактичкото Средиште.
Во поново време се измерени паралаксите и сопствените движења на преку 30 метанолски (6,7-GHz) и водени (22-GHz) мазери во големомасени ѕвездородни подрачја на далечина до неколку килопарсеци од Сонцето со голема точност. Наодите покажуваат дека Месниот Крак е одвоена делница на крак меѓу Стрелецовиот и Персеевиот Крак кој обвиткува помалку од една четвртина од Млечниот Пат. Делницата е долга ~20.000 сг и широка ~3.000 сг со агол на наваленост од 10,1° ± 2,7° до 11,6° ± 1,8°. Оттука можеме да заклучиме дека Месниот Крак е поголем одошто се мислело, и дека неговиот агол на наваленост и степен на ѕвездородност се споредливи со главните краци на галаксијата. Затоа тој се смета за петти крак на Млечниот Пат.Xu, Y., Reid, M., Xu, Y., Reid, M., Dame, T., et al. 2016, SciA, 2, e1600878Xu ,Y., Li, J. J., Reid, Xu ,Y., Li, J. J., Reid, M. J., et al. 2013,.ApJ, 769, 15.Reid, M. J., Menten, Reid, M. J., Menten, K. M., Brunthaler, A., et al. 2019, ApJ, 885,18Hirota,T., Nagayama,T., Hirota,T., Nagayama,T., Honma,M., et al. 2020, PASJ,72,50
Месјеови објекти мини|десно|500п|Орион и соседните краци со маглини и ѕвезди
Орионовиот Крак содржи разни Месјеови објекти: Јато Пеперутка (M6) Птоломеево Јато (M7) Расеано јато M23 Расеано јато M25 Маглина Тег (M27) Расеано јато M29 Расеано јато M34 Расеано јато M35 Расеано јато M39 Винеке 4 (M40) Расеано јато M41 Маглина Орион (M42) Демеранова Маглина (M43) Јато Јасли (M44) Јато Плејади (M45) Расеано јато M46 Расеано јато M47 Расеано јато M48 Расеано јато M50 Маглина Прстен (M57) Расеано јато M67 M73 Маглина Мал Тег (M76) Расеана маглина M78 Расеано јато M93 Маглина Був (M97)
Поврзано Галактички диск Гулдов Појас Месен Меур
Наводи
Надворешни врски
Месјеовите објекти во Млечниот Пат (SEDS) 3Д-карта на Млечниот Пат
Категорија:Краци на Млечниот Пат Категорија:Галактичка астрономија Категорија:Спирални галаксии