„Враќањето на отпишаните“ (српски: Повратак отписаних) — југословенски филм од 1976 година, во режија на Александар Ѓорѓевиќ, а автори на сценариото се Драган Марковиќ и Гордан Михиќ. Тој претставува продолжение на филмот „Отпишаните“, а поради големата популарност, две години подоцна била снимена и истоимената телевизиска серија. Главните улоги ги толкуваат: Драган Николиќ, Воја Брајовиќ, Злата Петковиќ, Павле Вуисиќ, Александар Берчек, и Стево Жигон.РТС, Повратак отписаних (пристапено на 24.10.2022)
Синопсис Летото 1944 година, Прле (го игра Николиќ) и Тихи (го игра Брајовиќ), кои се веќе искусни партизани, заедно со Јоцо (го игра Вуисиќ), добиваат задача тајно да се префрлат во Белград. Групата го заробува автомобилот на министерот во српската влада, а Јоцо се преправа во српскиот министер. Патем, нив ги заробува група четници, но партизаните успеваат да ги совладаат. Меѓутоа, подоцна, тие се заробени од еден паризански одред и осудени се на смртна казна, но во последен миг успеваат да докажат дека се партизани. Тука добиваат германски мотоцикл и Прле, Тихи и Јоцо влегува во Белград, иако таму ги чекаат специјалната полиција и Гестапо. Потоа, партизаните успешно извршуваат неколку опасни задачи.
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Белград Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Србија Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Партизански филмови Категорија:Филмови од 1976 година Категорија:Филмови на Александар Ѓорѓевиќ Категорија:Филмови со Драган Николиќ Категорија:Филмови со Воја Брајовиќ Категорија:Филмови со Александар Берчек Категорија:Филмови со Павле Вуисиќ Категорија:Филмови со Стево Жигон Категорија:Филмови со Злата Петковиќ Категорија:Филмови со Рудолф Улрих Категорија:Филмови со Столе Аранѓеловиќ Категорија:Филмови со Драгомир Бојаниќ Гидра Категорија:Филмови со Милена Дравиќ Категорија:Филмови со Милан Гутовиќ Категорија:Филмови со Слободан Алигрудиќ Категорија:Филмови со Раде Марковиќ Категорија:Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија:Филмови со Аљоша Вучковиќ