— аполонски астероид голем околу 1 км и заведен како потенцијално опасно тело. Откриен е на 13 јануари 2022 г. од Скот Шепард со Камерата за темна енергија на опсерваторијата „Серо Тололо“ во Чиле.

Астероидот претставува најголемото потенцијално опасно тело во изминатите осум години пред неговото откривање во 2022 г.

Астероидот засега не прави забележливи доближувања до Земјата бидејќи се наоѓа во приближна резонанца од 1:5 со Земјата, и му треба 5 години за да сврти околу Сонцето во високоелиптична орбита. Поради оваа резонанца, тој редовно се наоѓа во положби каде условите за набљудување се неповолно; астероидот станува најсјаен при мали сончеви издолжувања и најслаб (прив. велич. 25) на противположба каде е најоддалечен од Земјата. Поради ова, може делотворно да се пребарува само на самрак кога е најсјаен; астероидот бил 45 степени од Сонцето при неговото откривање. Во март 2022 г. бил оддалечен 1,4 ае (210 милиони км) од Земјата и нема да дојде толку блиску сè до март 2027 г.

Астероидот не е заведен како ризик. Со текот на илјадници години неговата орбита ќе се промени поради доближувања до Јупитер и Марс.

Белешки

Наводи

Извори

Надворешни врски 2022 AP7 — Центар за мали планети

Категорија:Аполонски астероиди Категорија:Потенцијално опасни астероиди Категорија:Откритија на Скот Шепард Категорија:Астрономски тела откриени во 2022 година