Фердинанд Ритер фон Манлихер (; (, Мајнц, Германија - , Австрија) — инженер и конструктор на оружје. Се прославил со патентирање на пушката „Манлихер-Шенауер“ (популарно наречена „Манлихерка“) со вртлив магацин заедно со Ото Шенауер.

Во 1887 му бил доделен Орден на железната круна III класа. Во 1892 се здобил со титулата ритер фон („витез од“) заради неговото претходно облагородување. Во 1899 бил доживотно поставен за пратеник во австрискиот горен дом.

Манлихеровиот успех се должел на неговите пушки со затворач. За да видиме колку бил пред своето време, треба само да ги погледаме неуспешните нацрти за автоматски пушки. Европската воена муниција не била доволно робусна за да се испалува од автоматска пушка или митралез. Според ВХБ Смит во „Mauser, Walther and Mannlicher Firearms“, „Манлихер 1885“ станал вдахновение за „Гаранд“, а „Манлихер 1900“ со 'краткотактен клип' бил вдахновение за „Винчестер М1 Карабина“.

Патенти — репетирна пушка — автоматска пушка — автоматска пушка

Надворешни врски Биографија

Категорија:Оружари Категорија:Австриски пронаоѓачи Категорија:Австриски политичари Категорија:Луѓе од Мајнц