Љупчо Спировски (, ) — поранешен македонски алпски скијач.
Животопис Спировски е роден во Битола во 1950 година. Во родниот град го завршил основното и средното образование, а дипломирал на Правниот факултет во Скопје.
Од пионерски денови почнал да се занимава со скијање и бил повеќекратен пионерски, младински и сениорски првак на Македонија.
Бил член на скијачкиот клуб Пелистер, на Македонската репрезентација, а бил и еден од осумтемина носители на олимпиското знаме на Олимпијадата во Сараево во 1984 година.
Успеси Спировски бил во врвот на македонското скијање во подолг период, а забележал и успеси на југословенско ниво. Шест пати бил победник на Пелистерскиот велеслалом Шест пати бил победник на меморијалот „Биро“ во Крушево Шест пати бил победник на меморијалот „Чанак-Флејта“ на Попова Шапка Неколкупати победник на тромечите Македонија–Србија–Црна Гора Шесто место во алпска комбинација во Југославија во 1975 година
Наводи
Категорија:Македонски алпски скијачи