мини|Детал од Корумпирано законодавство, слика од Елиху Ведер (1896) Клептократија (од грчки κλέπτης, „крадец“, и -κρατία од κράτος „моќ, владеење“) е влада чии корумпирани водачи (клептократи) ја користат политичката моќ за да го присвојат богатството на луѓето и земјата со кои управуваат, обично преку проневера или злоупотреба на државни средства за сметка на поширокото население."Kleptocracy". The Oxford English Dictionary. Oxford University Press. 1st ed. 1909. Една од одликите на политичката социоекономска кражба е што обично нема јавно известување со која се објаснува или се извинува за малверзациите, ниту пак има некакви правни обвиненија или казни за сторителите."Zanu thievocracy knows no boundaries" ,The Zimbabwean, December 20, 2008

Клептократијата се разликува од плутократијата (владеење на најбогатите) и олигархијата (владеење на мала група од елитата). Во клептократија, корумпираните политичари се збогатуваат тајно и бесправно, преку поткуп, мито и посебни услуги, или едноставно ги насочуваат државните средства кон себе и своите најблиски соработници. Исто така, клептократите честопати голем дел од својот профит го извезуваат во странски држави ако очекуваат да ја загубат власта.

Одлики Клептократиите обично се поврзуваат со диктатури, олигархии, воени хунти или друга форма на автократска и непотистичка власт во кои нема или е оневозможен независен надзор.

Клептократите благајната на нивната земја ја третираат како извор за лично збогатување и ги трошат средствата на луксузни производи и екстраваганции по свој вкус. Многу клептократи тајно ги префрлаат народните пари на лични нумерирани банкарски сметки во странски земји за да се обезбедат себеси доколку бидат отстранети од власт.

Клептократијата е најчеста во земјите во развој и држави чија економија се потпира на трговијата со природни ресурси.

Наркоклептократија Наркоклептократија е општество во кое криминалци вклучени во трговијата со наркотици имаат влијание во управувањето со државата. Терминот се користел за да се опише режимот на Мануел Нориега во Панама во извештај подготвен од поткомитет на Комитетот за надворешни односи на Сенатот на Соединетите Американски Држави со кој претседава сенаторот од Масачусетс Џон Кери.

Во 2020 година, Соединетите Држави го обвиниле претседателот на Венецуела, Николас Мадуро (како и многу функционери и главни личности на неговата администрација) за трговија со дрога.

Поврзано

Конфликт на интереси Панамски документи Рајски документи Пандорини документи Политичка корупција

Наводи

Категорија:Олигархија Категорија:Политичка корупција